Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доедукацијата на тимовите од Итните медицински служби продолжува и понатаму

Доедукацијата на тимовите од Итните медицински служби продолжува и понатаму
Реализацијата на проектот за континуирана медицинска едукација на тимовите од Итните медицински служби (лекар, сестра и возач), кои работат во рамки на здравствените домови низ Македонија, продолжува и понатаму, информираа денеска од Министерството за образование. Станува збор за организирање брзи и ефикасни дообуки за екипите за итна медицинска помош за третман на пациенти со итни состојби од кардиоваскуларна и трауматска природа. Јован Грповски, државен советник во Министерството за здравство, на денешната прес-конференција, рече дека целта е постојано унапредување на работата на службите на Итна медицинска помош, земајќи го предвид значењето на континуираната поддршка на докторите од ИМП при соочувањето со секојдневните предизвици во работењето, а со цел на пациентите да им биде пружена најдобрата, квалитетна и брза здравствена заштита. Доедукацијата, укажа тој, ја вршат реномирани доктори од универзитетските клиники кои се распоредени во шест специјалистички тимови, поделени во следните специјалности: специјалисти по анестезија со интензивно лекување, кардиологија, педијатрија, токсикологија и неврологија.  
Слично

Поврзани вести