Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доделени социјалните станови во Штип

Доделени социјалните станови во Штип

Заврши постапката за вселување на 91 семејство од социјално ранливите категории кои во 2012 година добија станови во зградата во штипски Сењак.

Според Томе Биновски раководител на АД-ССДП правната постапка е завршена, а Управниот суд ги одбил седумте жалби на кандидатите кои не добија станови во оваа зграда.

- Поминати се сите правни процедури. Имаше можност за жалба до Управниот суд и до првостепената комисија. Имаше и второстепена постапка и на крајот Анткорупциската комисија даде зелено светло дека конечно можат да се вселат во становите. Значи поминаа сите фази и никој не може да ја оспори валидноста на решенијата, истакна Биновски.

 Становите за социјално ранливите категории во Штип електронски беа распределени кон крајот на ноември 2012-та година, а договорите со семејствата кои се добитници на становите ќе почнат да се потпишуваат од наредната недела.

Слично

Поврзани вести