Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доделени наградите за општествена одговорност на претпријатијата

Доделени наградите за општествена одговорност на претпријатијата
Цементарница „Усје“, „Македонија лек“, „Фени индустри“, „Дониа“ - Прилеп, АД ЕЛЕМ, „Макпрогрес“ - Виница, „Принцес груп“ - Гевгелија, „ЕВН Македонија“, Пивара „Скопје“, „Ренова“ од Џепчиште и Американ колеџ се годинашните добитници на наградите за општествена одговорност на претпријатијата. Наградите се доделуваат по петти пат и во вкупно пет категории, односи со вработените, етичко управување, животна средина, односи на пазарот и вложување во заедницата.

Како што истакна министерот за економија Ваљон Сарачини, општествената одговорност предизвикува се поголем интерес кај македонските претпријатија, а  ваквиот концепт станува дел од нивната деловна политика, по примерот на европските компании со што се подобруваат конкурентноста, угледот и имиџот, односите со добавувачите, потрошувачите и потенцијалните инвеститори, како и лојалноста на вработените што е сигурен пат до долгорочен успех во бизнисот.

За Министерот, општествената одговорност не е трошок, туку предност за фирмите зашто поблиските релации со клиентите, државните институции, инвеститорите и медиумите се придобивка. На конкурсот годинава аплицираа 36 претпријатија од кои 13 мали и средни и 23 големи компании со вкупно 59 проекти.  
Слично

Поврзани вести