Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добри вести: Шумахер ја напуштил болницата и се вратил дома!

Добри вести: Шумахер ја напуштил болницата и се вратил дома!

Михаел Шумахер повеќе не е во болница! Славниот возач на Формула 1 после 254 дена е префрлен на домашно лекување во својот дом во местото Гланд на брегот на Женевското езеро, соопштила неговата менаџерка, пишуваат странски медиуми.

Шумахер во болница беше од 29 декември минатата година кога доживеа сообраќајна несреќа на скијање во француските Алпи.

Во кома се наоѓал 189 дена, а потоа од болницата во Гренобл е префрлен на рехабилитација во Швајцарија, поточно Лозана.

„Од сега, рехабилитацијата на Михаел Шумахер ќе се одвива во неговиот дом во Гланд. Со оглед на тешките повреди кои ги претрпел, постиган е виден напредок во претходните недели и месеци. Се уште е пред нас, меѓутоа, долго и тешко опоравување. Сакаме да му се заблагодариме на целиот тим во Лозана, на нивната грижа, темелна и стручна работа. И понатаму бараме од медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството Шумахер и да не се шпекулира за неговата здравствена состојба“, се наведува во соопштението.

Слично

Поврзани вести