Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивка Џокер со пет погодоци „падна“ на последното лото извлекување

Добивка Џокер со пет погодоци „падна“ на последното лото извлекување
Новото коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 09.12.2014 на телевизија Сител, ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 130.315,00 денари. Своето среќно НОВОЛОТО уплатно ливче, нашиот најнов среќен играч го уплатил во продажното место Студио Гина во Битола. Уплатата за 99-тото коло е извршена на 09.12.14. Играчот уплатил 6 комбинации НОВОЛОТО и една комбинација НОВОЛОТО ЏОКЕР за две кола, за 99то и 100то коло. Само за потсетување,  досега во 2014та година, НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија успеа да израдува дури тројца среќни  добитници со премијата 7ка, а ова е веќе втора добивка Новолото Џокер. Претходно во 50то коло НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 21.06.2014 на телевизија Сител, веќе имавме среќен добитник на добивката Џокер со 5 погодоци, вредна 394.851,50 денари.  Тогаш среќна беше пензионерка од скопската општина Аеродром, која сакаше да остане анонимна. Уплатата за 100тото коло веќе е во тек, а неговото извлекување ќе може да се следи утревечер, 13.12.2014 на Сител телевизија, вообичаено со прекрасната НОВОЛОТО девојка Марјана Станојковска. Примерот на играчот кој за 20 денари доби 130.315,00 е потсетување за сите НОВОЛОТО играчи, да не забораваат при уплатата на своите среќни броеви да уплатат барем еден Џокер број.  Уплатата на еден Џокер број чини 20 денари, а на едно помошно ливче може да се уплатат до 20 Џокер броеви.
Слично

Поврзани вести