Добитничката на дуќан со фискални сметки ги доби клучевите
Снежана Јовановска од Скопје е добитничка на наградата - деловен простор во седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, реализирано на 30.06.2014.
Во просториите на Државна лотарија на Макеоднија, Снежана ги доби клучевите од среќно освоениот деловен простор. Видно возбудена, но и среќна поради убавата награда, со нас ги сподели своите импресии од учеството во оваа наградна игра.
Редовно ги игра сите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија. Во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ учествувала во сите кола и тоа со неколку коверти. Ова е прва нејзина награда, за која посебно се израдувала. Интересно е што играла и посакувала да добие автомобил, но ете среќата имала малку поинаков план за неа.
Само за потсетување, во понеделник, 24 ноември, со директен пренос на МТВ1, ќе биде реализирано 12тото коло од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. И ова коло носи предизвици за радост и добивки. Во 12тото коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.
До крајот на годинава, останува и последното 13то коло, кое ќе се реализира на 29 декември 2014. Во ова коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА ќе се извлекува за еден стан, еден деловен простор, еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.
Слично
