Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добила работа, иако на разговор дошла со малото бебе

Добила работа, иако на разговор дошла со малото бебе

Тримесечното бебе не било препрека за работодавец од едно место во италијанската покраина Венето да и вети работа на младата мајка, пишува Кориере дела сера.

„Не му сметаше воопшто што скоро сум станала мајка и ми рече дека ќе ме вработи штом ми заврши „породолниот“ период“, навеува младата жена од местото Макрон. Таа стравувала, како што рекла, дека бебето ќе биде пререка за нејзиното вработување, но била охрабрена со случајот на Италијанката од Тревизо која неодамна добила работа во деветиот месец на бременоста.

„Сакав веднаш да знаат дека во мојот живот е присутно мало дете“, рекла таа.

Очекувала дека ќе наиде на традиционалниот одговор „благодариме,ќе ви се јавиме“, но на нејзино изненадување и е понудено да почне да работи веднаш штом биде подготвена.

Слично

Поврзани вести