Добијте диплома за познавач на вино за 5.000 евра
На француски универзитет "пиењето алкохол" стана вештина која обезбедува сериозни квалификации, ако платите 5.000 евра.
На Универзитетот во Стразбур, за прв пат е воведена можност да се добие диплома за вински студии.
Според информациите од АП, едногодишниот курс вклучува учење за дегустација на вино, проучување на науката за земјоделство и неуронауката, што стои зад доброто вино.
Студентите ќе мора да платат 4.950 евра, што според Ројтерс е висока цена во споредба со многу основни курсеви што се бесплатни на француските универзитети. Но, оваа цена е пониска од цената на индивидуалните часови за дегустација на вино со кои не може да се стекнат универзитетските квалификации.
Слично
