Добар бизнис: Се продава клавирот од „Казабланка“
Клавирот на кој е свирена музиката за познатата песна „As Time Goes By“ во филмот „Казабланка“ од 1942 ќе се продава на аукција во Њујорк, а според очекувањата треба да достигне цена од 800 илјади па се до 1,2 милиони долари.
Клавирот на аукција ќе го понуди еден Јапонец по повод 70-години од снимањето на филмот, кој клавирот го купил во 1988 година за 154.000 долари.
Во приказната во „Казабланка“, за љубовната приказна од Втората светска војна, каде што играа Хемфри Богарт и Ингрид Бергман, клавирот што се продава го има на сцената во која двојката за првпат се сретнува во Париз за време на војната.
Слично
