Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доаѓаат новите вакцини, се намалува бројот на боцкања на децата!

Доаѓаат новите вакцини, се намалува бројот на боцкања на децата!
Владата конечно ги донесе сите потребни одлуки со кои почна процедурата за набавка на поливалентни вакцини. За ова државата ќе вложи 380 милиони денари. Сепак, процедурата ќе трае, вакцините треба да пристигнат во вториот квартал од идната година. - Процедурата за набавка трае околу една година и тие се дел од изборните ветувања. Ние го ветивме тоа на граѓаните и веднаш на првата владина седница вчера ги донесовме потребните одлуки, изјави Груевски. Со новите вакцини бројот на боцкања на деца до 2 години се намалува од 13 на 7 пати. Причина што многу долго се чека на вакцините е големата побарувачка. Сличен проблем како Македонија има и Србија.
Слично

Поврзани вести