Економија, финансии, бизнис

Контакт

До Милано со авион, назад со автобус: дел од заглавените патници се враќаат во Македонија!

До Милано со авион, назад со автобус: дел од заглавените патници се враќаат во Македонија!

Македонските граѓани кои утрово останаа за заглавени на аеродромот во Милано, откако поради силните снежни врнежи беше откажан летот на „Виз Ер“, со автобус тргнале кон земјава. Како што соопштија од скопската туристичка агенција „Магелан“, најголемиот дел од патниците кои патувале во нивен аранжан решиле да се вратат со автобус,  додека околу 10 проценти, ќе чекаат до среда кога има нов лет на „ Виз Ер“.

Нивните трошоци за превозот до хотел и за сместување ќе ги покрие авикомпанијата, велат од Магелан и додаваат дека патниците пак кои патувале индивидуално, не  биле во нивна одговорност. Во меѓувреме од  „Виз ер“ нема официјално известување за преземените активности околу загллавените патници од земјава. Околу 170 патници кои тргнаа кон Скопје, утрово поради снегот останаа заглавени на аеродромот во Милано.
Слично

Поврзани вести