Економија, финансии, бизнис

Контакт

До крајот на март ќе бидат поставени 50 подземни контејнери во Скопје

До крајот на март ќе бидат поставени 50 подземни контејнери во Скопје

До крајот на месецот ќе бидат поставени 15 платформи со 50 подземни контејнери во Скопје. Екипи на Градот Скопје ја поставија и 10 платформа со подземни контејнери што ќе се постават во централното градско подрачје.

Како што соопшти Град Скопје, на пет локации ќе бидат поставени по четири контејнери од кои три ќе се користат за одлагање мешан отпад, а еден за ПЕТ амбалажа. На останатите 10 локации ќе се постават по три контејнери, два за мешовит и еден за ПЕТ амбалажа.

„Поставувањето на платформите и контејнерите се одвива според планираната динамика и до крајот на март ќе се инсталираат и пуштат во употреба сите 15 платформи, со 50 подземни контејнери“, се вели во соопштението.

Екипите на Градот Скопје поставија и две платфорни со по два контејнера на две локации и во општина Чаир. Со поставувањето и пуштањето во употреба на подземните контејнери ќе се подобри хигиената и изгледот на центарот на градот и на општината Чаир каде што веќе се инсталирани.

Носител на Проектот за поставување подземни контејнери е јавното претпријатие „Комунална хигиена“. За негова реализација се издвоени 33 милиони денари, од кои по 10 милиони инвестираат Градот Скопје и општина Центар, а 13 милиони ЈП „Комунална хигиена“.

Контејнерите се од словенската фирма АТРИК и се со зафатнина од три кубни метри

Слично

Поврзани вести