Економија, финансии, бизнис

Контакт

До 15 јуни барања за субвенции на млекопроизводителите

До 15 јуни барања за субвенции на млекопроизводителите

Млекопроизводителите до 15. овој месец ќе можат да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко.

Ова го соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство .

Слично

Поврзани вести