Економија, финансии, бизнис

Контакт

dm дрогерие маркт ги зголеми платите на своите вработени за 15 отсто

dm дрогерие маркт ги зголеми платите на своите вработени за 15 отсто

Задржувајќи ја својата компаниска филозофија чиј фокус е континуираното вложување во своите вработени, dm дрогерие маркт, 2024 година ја започнува со зголемување на бруто платите на вработените за 15 отсто. Како поддршка и благодарност за посветеноста и вложениот труд, зголемување на примањата на своите вработени од година во година е редовна пракса на dm во нашата земја.

- Горди сме што зголемувањето на платите на вработените е составен дел од нашата позитивна работна пракса. Со ова не само што се прилагодуваме на инфлацијата и другите економски фактори, туку сме тука и како поддршка, сигурност и место, коешто на вработените им обезбедува можност за напредок на личен и професионален план. Мерилото за успех на нашата компанија се нашите вработени, па токму затоа сакавме посебно да го наградиме нивниот труд, како и нивната посветеност и мотивација. И во иднина ќе настојуваме да бидеме тука едни за други, обезбедувајќи не само материјални, туку и низа други поволности на нашите вработени - изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm дрогерие маркт во Македонија и Србија.

Покрај 14 редовни и атрактивни плати во текот на годината, вработените во dm дрогерие маркт имаат и низа други придобивки кои креираат пријатна работна атмосфера, идеална за усовршување и подобрување на условите за работа и приватниот живот. Работните стимулации кои ги нуди компанијата го вклучуваат и концептот „smart working” - работа од дома и од далечина, како и бесплатни курсеви по германски јазик, ваучери за пазарување, обуки, семинари, проширени здравствени систематски прегледи, како и ваучери за приватни здравствени прегледи. Во рамки на подобрување на рамнотежата помеѓу приватниот живот и работата, првиот училиштен ден е слободен ден за сите вработени во dm-родители на ученици-првачиња.

Заложбите на компанијата за унапредување на личниот и професионалниот развој на вработените, исто така резултираа и со развој на голем број образовни програми и проекти како  „dm Академија“ и „dm-Lernwelt – Свет на учење“, преку кои вработените можат да го усовршуваат своето знаење и на тој начин да придонесат кон сопствениот и растот на компанијата.

ПР објава

Слично

Поврзани вести