Дизајнерката Ана Тодоровска од Адвертајзинг агенцијата Идеа плус со најдобро решение за новогодишна честика за компанијата Инбокс
Првата награда за најдобро изработена новогодишна честитка на конкурсот за дизајнери на компанијата Инбокс, ја доби Ана Тодоровска, графички дизајнер во адвертајзинг агенцијата Идеа плус од Скопје.
Тодоровска веќе шест години е дел од тимот на адвертајзинг агенцијата Идеа плус од Скопје и како графички дизајнер работела на голем број на креативни идејни решенија за познати македонски брендови, како и целосно креирање на нови производи што денес се успешни на пазарот.
„Навистина ми преставува огромно задоволство што има вакви иницијативи, кои овозможуваат младите дизајнери да работат на проекти што ќе имаат конкретна примена. Искрено сум среќна и се надевам дека ќе има уште многу вакви иницијативи како што е оваа на компанијата Инбокс“, изјави Тодоровска.
Отворениот конкурс на компанијата Инбокс имаше за цел преку креативни свежи идеи да создаде автентична Новогодишна честитка која истовремено ќе им овозможи на младите талентирани лица да се изразат. Покрај тоа целта на овој конкурс е преку иновативен начин компанијата да внесе свежина во своите односи со клиентите и јавноста.
На Тодоровска вчера и беше врачена наградата од Инбокс за освоеното прво место.

