Директор на три фирми раскажува како постигнува баланс во животот
Рајан Аловис е многу успешен бизнисмен и директор на три компании кој успеал да направи баланс во животот.
Тој за Форбс вели дека ги охрабрува и своите вработени да прават баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.
Кај него постои „летен петок“ така што по 14 часот во летните месеци во петок вработените можат да си одат дома.
Вели дека тоа создава добра атмосфера на работа.
Рајан додава дека кога оди дома се исклучува од сите деловни контакти.
Се преселил за да може што полесно да оди на релација работа - дома.
Тој вели дека луѓето мора да сфатат дека нивниот живот е во нивни раце.
Слично
