ДИРЕКТНО ОД ЛОНДОН: Први впечатоци од новата Samsung Galaxy Z серија – Сосема нов Z Fold8, супериорен Fold8 Ultra, стилски Flip8 и комплетен паметен екосистем!
Рефлекторите во Лондон уште не се изгаснати, а официјалната презентација на Samsung Galaxy Unpacked штотуку заврши. Екипата на Фактор имаше можност премиерно, веднаш по откривањето на уредите, одблизу да ги погледне сите модели од новата генерација.



Оваа година во Лондон, Samsung јасно стави до знаење дека преклопливата технологија е целосно созреана, а фокусот е ставен на совршена ергономија, олеснети куќишта и уште подлабока интеграција на вештачката интелигенција низ целиот екосистем.




Главната иновација: Сосема новиот Galaxy Z Fold8
Ѕвездата на денот е дефинитивно Galaxy Z Fold8 кој пристигнува во потполно нов, поширок формат. Samsung целосно ги послуша забелешките на корисниците и го дизајнираше уредот за максимално природна секојдневна употреба. Со надворешен екран со сооднос 10:16, пишувањето пораки и брзото скролање се природни и лесни. Кога ќе се отвори, внатрешниот 7,6-инчен екран има сооднос 4:3, што нуди одлично искуство за гледање видеа и играње игри. Со тежина од само 201 грам, ова е најлесниот Fold уред во историјата на Samsung, а благодарение на новата титаниумска конструкција и Flex Titanium технологијата, линијата на преклопување на средината е речиси невидлива.



За оние кои бараат максимум: Новиот Galaxy Z Fold8 Ultra
За првпат во историјата на преклопливите уреди, Samsung ја воведува добро познатата Ultra категорија. Galaxy Z Fold8 Ultra е создаден за корисници кои не прават никаков компромис. Овој модел нуди масивен внатрешен екран од 8,0 инчи, а кога е отворен е дебел неверојатни 4,1 mm (со тежина од 215 грама). Вградена е моќна главна камера од 200 MP, батерија од 5.000 mAh и посебен систем за ладење создаден за најтешките мултитаскинг задачи и уредување 8K видеа со APV кодек.

Galaxy Z Flip8 е најелегантниот и најкомпактен Flip досега
За сите љубители на џебните уреди, Z Flip8 носи уште потенок профил (само 6,1 mm кога е отворен) и уште подобар FlexWindow екран. Со помош на интегрираниот Galaxy AI, сега можете да одговарате на пораки, да користите Gemini асистент и да правите совршени селфи-фотографии со камерата од 50 MP целосно без раце, без воопшто да го отворате телефонот.
Целата серија е поддржана од новата генерација на Galaxy AI. Опцијата Now Nudge сама ги препознава плановите во вашите разговори и веднаш нуди зачувување во календар или локација. За сите што сакаат да преминат од друг бренд, префрлањето податоци сега е овозможено без кабли со едноставно скенирање на QR-код, а новата верзија на Quick Share нуди директно споделување фајлови со Apple уреди преку AirDrop.
Први впечатоци од Лондон
Samsung јасно ги дефинираше опциите: Z Fold8 е совршениот нов баланс за секојдневна практичност, Z Fold8 Ultra е мобилната работна станица за професионалци, а Z Flip8 останува кралот на стилот и компактноста.
Со денешното официјално претставување, Samsung покажа дека Galaxy Z серијата веќе не е само „технолошка егзотика“ за ентузијасти. Станува збор за целосно созреани, премиум уреди кои без проблем може да ги заменат вашиот лаптоп и таблет во секојдневната работа. Новите уреди, во комбинација со моќните часовници кои ги видовме денес, Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9, добиваме еден од најцелосните паметни екосистеми на пазарот.
Новата генерација преклопливи уреди нуди и естетско освежување низ елегантна палета на бои. Моделите во целата линија се достапни во Графитна и Крем верзија, со тоа што Galaxy Z Fold8 Ultra премиерно доаѓа во ексклузивната нијанса „Виолетова сенка“. Моделот Z Fold8 ќе ги освојува корисниците во Лаванда издание, додека Z Flip8 пристигнува во препознатливата розова боја.
Нарачките се официјално отворени од денес, 22 јули. За сите кои ќе го нарачаат својот уред во промотивната недела до 29 јули, обезбедена е заштеда до 6.000 денари, како и премиум бонус – 6 месеци бесплатно користење на Google AI Pro и 5 TB простор за складирање во облак.
Симон Арсоски
