Економија, финансии, бизнис

Контакт

Динерс Клуб Македонија продолжува со традицијата на новогодишни дарувања

Динерс Клуб Македонија продолжува со традицијата на новогодишни дарувања

Оваа година подароците ги доби Дневниот центар за деца со аутизам. Динерс Клуб Македонија ја испочитува потребата на овие дечиња и им донираше дидактички материјали кои ќе ги збогатат нивните дневни, едукативни активности.

Во компанијата сметаат дека со комуникацијата на овој гест ќе се придонесе во зголемувањето на свесноста за аутизмот, како и да се актуелизира ова прашање во секојдневните дискусии во општеството.

Динерс Клуб Македонија е веќе добро познат по безрезервната поддршка кон децата и младите и со гордост може да каже дека ја испрати и оваа 2016 со исполнета мисија.

Празниците се поубави кога дарувате.

Слично

Поврзани вести