Економија, финансии, бизнис

Контакт

Diners Club го одбележа Светскиот ден на храната со донација за хуманитарниот настан

Diners Club го одбележа Светскиот ден на храната со донација за хуманитарниот настан

По повод 16-ти октомври, Светскиот ден на храната и ден на борба против гладот, Diners Club Macedonia со донација од конзервирана храна и основни прехранбени производи, даде свој придонес и го поддржа хуманитарниот настан "Нахрани 10.000" во организација на асоцијацијата Сите Сити.

„За Diners Club придонесот кон доброто на заедницата е важен дел од корпоративна стратегија на компанијата. Борбата со гладот претставува глобален проблем, за чие решавање сите активно и свесно треба да се вклучиме и да делуваме. Со едукација на младите и искрена солидарност да им помогнеме на оние групи на граѓани кои имаат најголема потреба од помош“, велат од Diners Club.

Хуманитарниот настан "Нахрани 10.000" ќе се одржи на 17-ти октомври. Асоцијацијата Сите Сити ги повикува сите хумани граѓани да дадат свој придонес и да донираат нерасиплива и конзервирана храна во пунктовите кои ќе бидат отворени на повеќе локации низ нашата земја од 10 до 18 часот. 

комерцијален текст

Слично

Поврзани вести