Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМКОВСКИ: Досега се извезени околу две илјади тони праски кон Русија

ДИМКОВСКИ: Досега се извезени околу две илјади тони праски кон Русија

Оној кој има добар квалитет нема никаков проблем со праската, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Според него, откупот на праски тече без никакви проблеми, надминати биле сите проблеми со Русија, па годинава, министерот очекува извозот кон таа држава да биде успешен. Последните податоци покажуваат дека досега извезени се 1.500 до 2.000 тони праска кон Русија.

Димковски  исто така истакна дека  пазарот станува се повеќе прибирлив а дека асортиманот на праска кај нас е познат. Првата берба не е многу барана, бидејќи според првиот човек на земјоделство не излегувала лесно коската од праската и не биле лесни за преработка.


Слично

Поврзани вести