Дима Ридерман, BtoBet: Фокусот во 2022 останува на зајакнување на нашата позиција во глобалниот “iGaming"
Благодарение на решението што го нуди BtoBet, кое е фокусирано на самиот играч и прилагодено за сите канали, успешно ги задоволивме потребите на нашите партнери и нивните играчи кои се секогаш наш прв приоритет, вели во интервју
Дима Ридерман, оперативен извршен директор на BtoBet. Додава дека компанијата останува посветена на користењето на новите можности на новорегулираните пазари, кои се вистински предизвик. Секако, вели Ридерман, приоритет, како и секогаш, е развојот на нови и иновативни технолошки решенија, но и унапредување на постоечките, а сето тоа преку натамошно зајакнување на компаниската култура во која вработените се на прво место.
BtoBet
бележи значителен развој во последните неколку години, што меѓу другото укажува
на успешно менаџирање во поглед на користењето различни пазарни можности. Но, делувањето во индустрија како што е “iGaming” е специфично само по
себе, па предизвиците со кои се соочувате се
многубројни. Кажете ни повеќе за текот на функционирање на компанијата во последниот период, кои беа
најголемите предизвици со кои се соочивте?
Ридерман: Повеќе од јасно е и верувам дека сите можеме да се согласиме дека во изминатиот период најголем предизвик за сите индустрии беше прилагодувањето на работниот тек во услови на пандемија. Сега е сосема сигурно дека работењето никогаш повеќе нема да биде исто. Она што можеби не го очекувавме на почетокот, е наметнатата потреба од подолгорочно планирање и стратешко поставување во однос на овие нови услови. Во овој процес, првиот чекор што ние како компанија го направивме, беше воведување нови начини на структурирање на работните текови, одговорности и комуникација, што успешно резултираше со преминување кон еден хибриден модел на работа, односно комбинирање на канцелариската со работа на далечина. Верувам дека ова успешно го постигнавме, благодарение на пристапот фокусиран на вработените, кој нè направи поагилни и поефикасни.
Од друга страна, во овој период и индустријата се соочи со одредени
предизвици. Можеби најголемиот од нив беше рапидниотраст на побарувачката,
поради фактот што луѓето ширум светот бараа начини да останат безбедно поврзани
со другите. Дополнително, интересот за електронско спортско обложување преку онлајн
каналите се зголеми кај
значителен број постојни, но
и кај новите играчи. Ова
предизвика забрзани промени во индустријата кои верувам дека ќе имаат
долгорочен ефект врз нејзиниот развој во иднина. Она што можам да го кажам е
дека благодарение на решението што го нуди BtoBet, кое е фокусирано на самиот играч и прилагодено за
сите канали, успешно ги задоволивме потребите на нашите партнери и нивните
играчи кои се секогаш наш прв приоритет.
Еден од најголемите предизвици во ИТ индустријата во светот, но и во Северна Македонија е регрутирањето на квалитетни кадри. Конкуренцијата постојано расте, а придобивањето и задржувањето вработени е проблем со кој се соочуваат сите компании. Од друга страна, неодамна штандот на BtoBet беше еден од најпосетуваните во ИТ павилјонот на единствениот виртуелен саем за вработување во регионот, што укажува дека и во такви услови, компанијата е атрактивна во поглед на привлекување нови вработени. Каква е вашата стратегија за регрутирање и менаџирање со човечките ресурси?
Ридерман: Факт е дека индустријата се соочува со недостиг на вработени, што дополнително ја зголемува и онака високата конкурентност. За успешно работење во ова деловно опкружување, неопходно е да се има добро развиена стратегија за регрутирање нови таленти и задржување на постојните вработени. Како компанија, цврсто веруваме дека еден од клучните фактори е автономијата којашто вработените ја добиваат во еден систем, како и поддршката за воспоставување и одржување рамнотежа помеѓу нивниот приватен и професионален живот. Ова е нешто на коешто BtoBet е посветен и континуирано го негува. Процесот на регрутирање и задржување на квалитетните кадри, како што споменавте не е едноставен, со оглед на дефицитот на кадри во целата индустрија, но она што го нудиме од аспект на бенефициска програма, флексибилното работно време, но и можноста за работа во мултикултурна средина како дел од мултинационална групација, се нешто што е од голема вредност за постоечките, но очигледно и за потенцијалните вработени, што се покажа и на последниот регионален саем за вработување на кој го добивме признанието за најпосетуван штанд во ИТ павилјонот.
BtoBet е дел од реномираната Aspire Global која се котира на шведската берза, а групацијата брои речиси 500 вработени во своите канцеларии ширум Европа. Имајќи го предвид ова, слободно може да се каже дека можностите кои им ги нудите на вработените во однос на развој и напредок во кариерата се огромни, сето тоа преку негување мултикултурализам и инклузивна работна средина. Кажете ни нешто поконкретно околу тоа што значи да се биде дел од ваква компанија?
Ридерман: Дури и како дел од реномирана групација која е на врвот на Б2Б синџирот на вредности во индустријата, продолжуваме да го одржуваме својот идентитет на водечки провајдер на софтвер за спортско обложување преку нашата сопствена организациска структура, реализирајќи стратегија која се покажа успешна во последните години и која ни даде одредена конкурентска предност. Ова воедно се однесува и на сегментот на управување со човечките ресурси, како еден од најважните во процесот на креирање и испорачување квалитетен производ. Со интегрирањето во глобална групација од овој калибар, можностите за кариерен развој на вработените уште повеќе се зголемија, како и шансата за дополнителен професионален развојпреку користењето на нивните вештини и способности. Директната соработка со луѓе од различни профили и култури им овозможува да бидат дел од една инклузивна средина во која можат да постигнат оперативна извонредност, а преку индивидуалниот развој да придонесат за колективен успех.
Одличните резултати се секогаш одличен мотив за постигнување уште поголем успех. Какви се плановите на BtoBet за годината пред нас? Планирате ли дополнителна експанзија, какви се предвидувањата за висококонкурентната “iGaming” индустрија?
Ридерман: Резултатите кои досега ги бележиме се навистина одлични, а желбата за нови победи е секогаш присутна. 2021 беше навистина просперитетна година за BtoBet. Она што можам да го кажам е дека стратешкото планирање е клучно, но оперативните планови неретко се подложни на промени бидејќи во оваа динамична индустрија постојат многу варијабли кои влијаат на редовните работни текови. Важно е дека сме навистина добро подготвени за различните сценарија во смисла на флексибилност и на некој начин креативност во работата. Фокусот секако останува на зајакнувањето на пазарното присуство и позиција на европскиот “iGaming” пазар, но и на зголемување на присуството на пазари како што се африканскиот и оној во Латинска Америка. Остануваме посветени на користењето на новите можности на новорегулираните пазари, кои се вистински предизвик, но верувам дека сме и повеќе од подготвени за тоа. Секако, приоритет, како и секогаш, е развојот на нови и иновативни технолошки решенија, но и унапредување на постоечките, а сето тоа преку натамошно зајакнување на компаниската култура во која вработените се на прво место.
