Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дигитализација на учебниците на УКИМ!

Дигитализација на учебниците на УКИМ!
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде еден од првите универзитети во регионот и светот што ќе ги дигитализира своите учебници со цел да бидат подостапни за студентите. За таа цел е потпишан Меморандум за разбирање и соработка со Фондацијата за негување на македонското културно наследство „МАКЕДОНИКА“ - Скопје, која е лидер во електронското издаваштво. Со ова се потврдува започнувањето на заедничките проекти на овие две институции  од областа на електронското издаваштво и воведувањето нови аудио-визуелни пристапи во идните изданија. На почетокот ќе бидат објавени е-учебници од неколку факултети. На овој начин Македонија се доближува до светските трендови за создавање безхартиено академско општество. Ова е голем чекор кон поквалитетно и модерно универзитетското образование со што УКИМ ја задржува лидерската позиција во Републиката, стои во соопштението.
Слично

Поврзани вести