Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОРЦА кредитот нема скриени трошоци

ФОРЦА кредитот нема скриени трошоци

Во врска со предложените измени на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Финансиското Друштво Диџитал Фајнанс Интернешнал Дооел Скопје (ДФИ) почитувајќи ги принципите на транспарентност и одговорност во работењето, ги информира сите свои сегашни и потенцијални нови клиенти, дека FORZA производот е со 0% трошоци за одобрување и 0% камата за сите нови клиенти и нема никакви скриени трошоци, велат во нивната реакција. 

Имајќи ги во предвид поволностите што ги нуди FORZA кредитот за постоечките клиенти, кои се креирани според нивните потреби и барања, изборот за FORZA кредит е секогаш правиот избор.

„Сите обврски и кредитни услови помеѓу корисниците на кредит и ДФИ се уредно правно регулирани со договорите и општите услови, со што сите сомнежи за нетранспарентност и гласини дека клиентите се доведуваат во заблуда се неосновани. При склучување на договори со нашите клиенти од сите можни аспекти се почитува Законот  за Заштита на потрошувачите и задолжително на нашите клиенти им се испраќаат преддоговорни информации, со што несомнено клиентите се запознаени и ги прифаќаат нашите услови кои им ги нудиме, а се поволни за нив и за нивната економска состојба. Брзината во процесирања на апликациите и исплатата на средствата со кој нашите клиенти можат да располагаат во најкраток можен рок се едни од главните предности на брзите кредити што не прави различни во однос на  останатите финансиски институции“, стои во реакцијата од Финансиското Друштво Диџитал Фајнанс Интернешнал Дооел Скопје (ДФИ).


Слично

Поврзани вести