Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џош Стоун во Скопје за 1500 денари

Џош Стоун во Скопје за 1500 денари
Светската музичка ѕвезда Џош Стоун ќе настапи на 35-от Скопски џез фестивал, а организаторите најавија дека во продажба ќе бидат пуштени само 900 билети по цена од 1500 денари. Концертот на Џош Стоун е на програмата во Дансинг салата на МКЦ, на 14 октомври на полноќ. Настапот е дел од големата светска турнеја на Стоун, која ги опфаќа сите земји на сите светски континенти. Скопскиот џез фестивал изразува благодарност до големата пејачка која прифати ексклузивен интимен концерт (со целосниот состав на својот бенд), во очекување дека оние среќници во салата, во таков амбиент ќе доживеат волшебно искуство. Концерите на Скопскиот џез фестивал ќе се одржуваат од 13 до 16 октомври.
Слично

Поврзани вести