Џоковиќ: Не го купивме целото магарешко сирење!
Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ демантираше дека ја купил целата светска залиха на сирење од магарешко млеко.
- Не очекував дека за оваа вест ќе се зборува толку и ќе привлече големо внимание во медиумите. Не е во целост точно дека ја купивме комплетната светска понуда на магарешко сирење, иако ова беше прв пат кога слушнав дека вакво нешто постои, изјавил Џоковиќ.
Тој истакнал дека луѓето кои го произведуваат ова сирење му го понудиле овој производ за ланецот на ресторани Новак, но дека не е вистина дека неговото семејство ја купило целата залиха.
-Луѓето дојдоа со понудата во нашиот ресторан и понудија соработка, тоа е се. Сеуште размислуваме околу тоа и не е вистина дека веќе сме ја купиле залихата, објаснил тенисерот.
Џоковиќ за српските медиуми признава дека е голем љубител на ова сирење.
-Ова е многу скапо но и вкусно сирење со одличен квалитет. Слушнав дека млекото за сирењето се молзи од магарицата, но не бев сигурен дека е возможно да се направи, изјавил Новак.
"
Слично
