Девојка ги тужи родителите зошто претерале со нејзини слики на Facebook
18 годишна девојка од Австрија реши да ги тужи нејзините родители кои во изминатите неколку години објавувале над 500 слики од нејзиното детство, особено за неа засрамувачки се фотките на кои седи на нокширче или пак е гола во креветчето. Девојката тврди дека родителите имале над 700 пријатели на Facebook кои ги следеле нејзините фотографии и нема друга опција освен да ги тужи.
Првото рочиште ќе се одржи во ноември и според правниот експерт Мајкл Реми доколку се утврди дека бил повредено нејзиното право на приватен живот и дека сликите и нанеле општествен и јавен срам тогаш судот може да пресуди во нејзина корист иако ова е прв ваков случај во Австрија.
Слично
