Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деветто издание на меѓународната графичка работилница „Софија“

Деветто издание на меѓународната графичка работилница „Софија“

Во наредните десет дена Богданци ќе биде центар на графиката и на уметноста во Македонија. Од утре до 3-ти септември таму, традиционално по деветти пат ќе се одржи меѓународната графичка работилница „Софија“, единствена од ваков тип во Македонија и на Балканот.

Graficka rabotilnica_Poster

На годинешната главна сесија ќе учествуваат 14 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Сараево и Софија. Ментор на работилницата ќе биде Игор Чабраја, редовен професор на Академијата за ликовни уметности во Загреб.

Graficka rabotilnica_Foto 3

Од Здружението на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“, кое е организатор на работилницата, велат дека нејзината цел е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и можност за реализација на нивните дела, бидејќи поради условите во кои се работи, графиката како техника е помалку застапена во целиот регион.

Graficka rabotilnica_Foto 1

Завршната изложба ќе се одржи на 3-ти септември во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци. Во текот на наредните неколку месеци, традицинално во Музејот на Град Скопје ќе се одржи и триенале, на кое ќе бидат изложени делата создадени од учесниците на графичката работилница во последните три години.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа над 140 графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Graficka rabotilnica_Foto 2

На Фејсбук страницата https://www.facebook.com/graphicartsofija секојдневно ќе се објавуваат информации и фотографии за текот на Графичката работилница.

Организатор:

Здружение на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“

Контакт:

Виктор Семенпеев

моб. 070 357 561

mail: contact@effectiva.com.mk

Слично

Поврзани вести