Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деветтиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ падна во рацете на Демири

Деветтиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ падна во рацете на Демири

Во релаксирана атмосфера, пред обложувалницата Спорт Лаиф кај Соборниот храм во Скопје, Државна видеолотарија на Македонија пред медиумите го претстави најновиот добитник на Милионер Џек пот.

Насмеаниот Демири, придружуван од целото семејство, од претставниците на ДВЛМ, Спорт Лаиф и автомобилскиот ас Игор Стефановски Иџе, го доби Милионер Џек Пот чекот кој гласеше на истиот износ како и самата добивка-  1.376.494,00 денари.

[caption id="attachment_232823" align="aligncenter" width="610"]milioner Демири со тимот на ДВЛМ[/caption]

Насмеан и возбуден ни ја раскажа својата забавна приказна која го донесе на патот на среќата. Игра често, во паузите од работните обврски и грижата за семејството. Досега имал само ситни добивки. Оваа е првата поголема на која се радуваа сите членови на семејството. Парите ќе ги потрошат за се она што им недостасува, но најмногу се радуваат што ќе може да ги изненадат трите дечиња, посебно помалата ќеркичка која од септември тргнува во училиште и најмалото синче, кое се опоравува  по болеста.

Milioner

Ова е деветти милионер, добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ, инаку прв кој падна кај нивниот соработник Спорт Лаиф.

[caption id="attachment_232817" align="alignright" width="184"]MILIONER1 Дане Кузмановски, директор на ДВЛМ[/caption]

Според првиот човек на ДВЛМ, Дане Кузмановски, Спорт Лаиф се нивните први деловни соработници, пред да ја развијат својата мрежа низ Македонија.

Токму таму биле инсталирани првите апарати.

Интересно е да се додаде и тоа дека обложувалниците на  Спорт Лаиф се места со најголем процент на МИНИ ЏЕК ПОТ добивки досега, од вкупниот број на вакви среќни добитници.

Среќниот Демири, добивката вредна 1.376.494,00 денари, ја освоил во обложувалницата Спорт Лаиф Треид Маџари 1 во Скопје на 19.08.2016.

Слично

Поврзани вести