Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детско штедење со Шпаркасе банка низ маски за 1-ви април!

Детско штедење со Шпаркасе банка низ маски за 1-ви април!

Шпаркасе Банка Македонија по повод Денот на шегата „1 Април“ го организираше настанот „Априлијада со Медо Штедо“  во игротеката Кидс Ленд во ТЦ Рамстор.

На настанот беа поканети дечиња од детските градинки во Скопје, кои имаа можност низ игра и забава да се дружат со маскотата Медо Штедо и да се едуцираат за создавање на навика за штедење и колку е тоа важно за нивната иднина.

Преку организирање на настани за промоција на понудата за детско штедење, Шпаркасе Банка Македонија како општествено одговорна компанија, настојува да ја покаже и својата грижа кон најмладите и желбата за нивно правилно едуцирање за поимот „штедење“ и создавање на корисни навики за чување на заштеди во банка.

Преку овој настан најмладите имаа можност низ дружење и игра поблиску да ја запознаат маскотата „Медо Штедо“, а воедно и да направат ревија со своите оригинални маски.
Слично

Поврзани вести