Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дестинации 0.0 – нова бизнис-дестинација?

Дестинации 0.0 – нова бизнис-дестинација?

Деновиве скопјани будно го следат текот на најновата кампања Дестинации 0.0.

Кампањата предизвика навистина голем интерес меѓу порталите, инфлуенсерите, како и сите нас кои нестрпливо го чекаме откривањето на крајниот продукт.

Досега има голем број впишувања на Дестинации 0.0 на „Google Maps“, каде што секој посетител на апликацијата добива локации на места за паркинг, бензинска станица, парк и плоштад. Локациите може да ги посетите во секое време, но сепак нема да ви откријат ништо повеќе од тоа што го знаете досега исто како што нема да откриете нешто повеќе ни на Инстаграм профилот @destination0.0.

Имајќи го предвид името на оваа кампања, нашите претпоставки се дека можеби станува збор за откривање нова бизнис-дестинација, нов светски бренд или, пак, нова авионска компанија, која би сообраќала од нашиот меѓународен аеродром до нови ексклузивни дестинации.

Дали ќе биде точна некоја од овие претпоставки останува да видиме на 13.02.21. Дотогаш може само да погодуваме и да одбројуваме.


Слично

Поврзани вести