Десетици тони помош собрани за Србија и БиХ
До 17 часот се собрани околу 20 тони храна во централниот магацин на Црвениот крст на Македонија во Момин поток каде што се собира помошта за поплавените во Србија и во БиХ. Собрано е и 10 тони средства за хигиена, 60 илјади литри вода, 1000 ќебиња, еден тон бебешка храна, три тона млеко, десет тона облека и 1000 пара обувки.
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити,вели дека очекува да продолжи доставувањето на хуманитраната помош и оти магацинот останува отворен 24 часа.
- Нашите проценки се дека приближно уште толку храна и помош има во општинските организациии на Црвениот крст низ Републиката, истакна Саити.
Планирано е конвојот од четири 20-тонски шлепери со собраните материјални средства да замине за Србија и за БиХ утре во 11 часот од магацинот на Црвениот крст во Момин поток.
Доставувањето помош ќе продолжи и во наредните денови. Се очекува во среда и во петок да бидат испратени по уште два шлепера.
