Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десет најдобри градови во светот за уживање во карневали

Десет најдобри градови во светот за уживање во карневали

Ако сакате забава под маски, овие десет градови можете да ги посетите. 

Венеција 

Карневалот носи славење во сите италијански градови, но тоа е посебно изразено во Венеција. Карневалот почнува две недели пред чиста среда, а завршува на Велики четврток. Маските се спектакуларни. 

Порт од Спејн 

Главниот град на Тринидад и Тобаго е познат по своите карневали. Локалците учествуваат во него, а ќе можете да вкусите и храна каква нема на западната хемисфера. 

Монтевидео

Во престолнината на Уругвај има ваков спектакл. Тие се одржуваат при крајот на јануари и на почетокот на февруари. 

Квебек

Градот е украсен и накитен за време на карневалот, а се слават и зимски спортови. Има лизгалишта, скијање, скулптури, хокеј...

Њу Орлеанс

Маските се многу креативни и привлекуваат река туристи. 

Санта Криз де Тенерифе 

Зимата е топла и луѓето се забавуваат под маски. Климата е плус за карневалот. 

Мазатлан 

Овој карневал од Мексико е трет најголем во светот. Има маријачи, христијански обичаи , фешти, огномети, паради. 

Базел 

Една недела по завршување на карневалите во светот почнува оној во Базел. Учествуваат 20.000 луѓе, а трае од февруари до март. 

Рио де Жанеиро

Овој карневал е најпознат во светот и почнува 40 дена пред Велигден. На улиците тогаш милиони луѓе играат самба. 

Ријека 

На карневалот во Ријека учествуваат луѓе од цела Хрватска, а има и посетители од странство. 

Слично

Поврзани вести