Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денови на Канада во Скопје

Денови на Канада во Скопје

Во рамки на дводневните активности на Амбасадата на Канада акредитирана во Северна Македонија по повод Денови на Канада во Скопје кои се случуваа вчера и денес 27 и 28 Ноември 2019 година, се одржаа низа активности во соработка со Канадскиот Музички Центар - Полифонинија, Македонската Филхармонија, Филолошкиот факултет „Блаже Конески “, Аналитика Тинк-Тенк, Младихаб и Центар за Едукативни Совети Скопје.

Амбасадорката на Канада - Кати Ксаба, на овој настан ја истакна соработката помеѓу двете земји, како на политичко така и на економско ниво, нагласувајќи ја и улогата на дијаспората во културната размена.


Како дел од свеченоста, официјално се назначи и новиот почесен конзул на Канада во Македонија – Анета Антова Пешева. Нејзините долгогодишни успеси во економијата, ИКТ секторот, филантропските акции, општествено корисните залагања за надминувањето на половиот јаз, како и грижата за социјално и здраствено маргинизраните групи, беа препознаени од меѓународната дипломатска заедница на Канада и реализирани во понуда на титулата Почесен Конзул на Канада.

Оваа улога, доделена на  жена, претставник на бизнис заедницата е во линија на глобалните каузи за еднаквост, инклузивност и еднаквост и почитување на човековите права.

Програмата на Денови на Канада во Скопје ги опфаќа следниве активности:

• 27 Ноември Канадскиот ГудачкиКвартет Молинари - концерт во салата на Македонската филхармонија.

• 28 Ноември Н.Е. Кати Чаба, Амбасадорката на Канада ќе одржи предавање на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на тема „ Канада и Општеството “. Предавањето ќе се одржи на англиски и француски јазик, за да се истакне двојазичноста на Канада.


• Во четврток во 12:00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Н.Е. Кати Чаба и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе ја отворат работилницата „Зајакнување на родова еднаквост во средните стручни училишта, преку едукација на младите девојки при изборот на идна професија“, дизајнирана и организирана од Аналитика Тинк-Тенк и поддржана од Канадскиот Фонд за локални иницијативи.

• Информативна сесија на тема „Студирање во Канада - можности за стипендии и Кооперативно-образовни студии “  ќе се одржи во четврток, 28 ноември во 18:00 часот, во просториите на Младихаб (адреса: Димитрие Чуповски, 7, Скопје).


Слично

Поврзани вести