Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денот на млекото одбележан низ едукација и игра

Денот на млекото одбележан низ едукација и игра

Млекара Здравје Радово, како водечка домашна компанија за производство на млеко и млечни производи вчера во ТЦ. Рамстор Мол го одбележа Светскиот ден на млекото и децата.

mlekara zdravje 3

По тој повод, во Трговскиот центар од 12 до 18 часот беше организирана млечна забава за најмалите. Низ едукативни игри децата учеа за хранливите вредности на млекото, беа организирани многу млечни активности и соддржини, меѓу кои имаше изложбени штандови за дегустација на млеко и млечни производи, како и подароци за присутните дечиња.

mlekara zdravje 1

Најмудриот мал победник кој одговори точно на сите интересни прашања од Млекара Здравје Радово доби оригинален подарок.

Малата Нина Добревска доби млеко колку што е тешка, бидејќи беше највешта во познавањето на млекото. Модератор на целиот настан беше миленикот на детската публика Марко Новески.

mlekara zdravje

Млекара Здравје Радово ќе продолжи со низа активности да ги запознава најмладите, колку е важно во нивната редовна исхрана да биде присутно млекото и млечните производи, за нивен правилен раст и развој...

Слично

Поврзани вести