Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска студено и облачно, на некои места снег и дожд

Денеска студено и облачно, на некои места снег и дожд

Оваа сабота ќе биде студена и облачна. Врнежите ќе бидат почести во западниот дел од земјата, каде на повеќе места тие ќе бидат од снег. Северниот и централниот дел од источниот регион очекуваат повремен и слаб снег. На југоисток врнежите ќе бидат претежно од дожд, а интензитетот ќе биде поголем во текот на утрото.Снежна покривка може да се очекува, но пред се во ридско планинските предели.Се очекува да дува умерен до засилен северен ветер, пред се во западниот дел од земјата, пренесуваат од МЕТЕОПРО.

Максималната температура во поголемите населени ќе има вредност околу 4°С. На повисоките места таа ќе има вредност околу -1°С.

Во скопската котлина очекуваме облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат повеќе сконцентрирани во првата половина од денот. Максималната температура ќе има вредност околу 4°С.

Слично

Поврзани вести