Денес е најтешко да се најде ДОБАР МАЈСТОР: Еве како да го решите овој проблем!
Сите знаеме колку е тешко да се најде добар мајстор - оној кој ќе ја сработи работата токму онака како што сме замислиле, во рокот што е договорен и за цена која е во рамките на нашиот буџет.
Сепак, дури и да добиеме препорака за ваков мајстор, голема е веројатноста дека тој е веќе презафатен и дека ќе мора да чекате со недели за вашиот термин за помала поправка, а да не зборуваме за поголеми работи... Но што ако ви е потребен добар мајстор итно или пак немате никакви препораки?
Пребарувањето на интернет веројатно не е најдобрата идеја, бидејќи знаеме дека платените реклами се подобро позиционирани, а најчесто немаме увид во работата на мајсторот што ни е потребен. Исто така, за ова е потребно многу време.
Токму затоа е развиен Daibau.mk, сајт кој ви помага да најдете адекватен занаетчија или тој да ве најде вас!
На платформата Daibau, можете да најдете илјадници занаетчии или компании на едно место, а функционира со испраќање бесплатно барање за која било работа за повеќе од 200 категории понудени на страницата.
Откако ќе го испратите барањето, останува да почекате заинтересираните изведувачи да контактираат со вас и да ги испратат своите понуди.
Исто така, на Daibau можете да ги прегледате профилите на мајсторите, нивните работи, фотографии и искуства на нивните клиенти, сето тоа без никакви услови и потполно бесплатно.

Даибау ве поврзува со изведувачи кои ви се потребни, што значи дека не треба да се прелистувате еден куп огласи и да бирате телефонски броеви, туку на вашата е-пошта ќе добиете список на мајстори и други изведувачи кои ги исполнуваат вашите критериуми. Така добивате и препораки за мајстори, кои ви ги дава платформа која е специјализирана за тоа.
Целиот процес на барање мајстор со помош на оваа платформа е исто така многу едноставен. Се што треба да направите е да кликнете на Најди мајстор и да го пополните формуларот во кој треба да опишете што ви треба, времето и рокот за работата и обемот на работата. Можете исто така да додавате фотографии и скици за да го направите вашиот опис што е можно појасен. Она што треба да го знаете е дека колку подетален опис на работите давате, толку попрецизни и подобри понуди ќе добивате. Можете да го испратите вашето барање до сите изведувачи или само до оние што ќе ги изберете.
Кога ќе почнат да доаѓаат понудите, на вас останува да ги споредите и да одлучите која најмногу ви одговара, а потоа ќе следи договор со мајсторот за почеток на работата.
Се препорачува при изборот на изведувач, не само да ги гледате најниските цени, туку да обрнете внимание на цената и референцата на мајсторот. Исто така, кога изведувачот ќе ја заврши работата, вратете се во Daibau за да го оцените квалитетот на работата и на тој начин да им помогнете на другите корисници при изборот на компанијата, како и вашата корисничка репутација.
Недостигот од добри занаетчии влијаеше и на покачување на цените, па често се случува мајсторот да ве изненади со цифра, откако ќе се заврши работата. Сепак, на Daibau можете детално да се информирате за цените пред да контактирате со занаетчиите за да бидете сигурни дека сте ја избрале најдобрата понуда.
Daibau ве спојува со изведувачите што ви се потребни, по ваша мерка, што од друга страна ви заштедува време и нерви.
Изберете го изведувачот кој најдобро ги задоволува вашите критериуми и потреби!
ПР објава