Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ден за пензиска свесност - 15 септември

Ден за пензиска свесност - 15 септември

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), организира информативен настан по повод одбележување на “Ден за пензиска свесност-15 септември”.

Информативниот настан ќе се одржи на 14-ти септември (петок) на плоштад Македонија до хотел Мериот. На настанот ќе учествуваат МАПАС и двете пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Исто така, настанот ќе биде одбележан и низ повеќе градови во деловните соработници на пензиските друштва:

-  Експозитури на НЛБ Банка АД Скопје, деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје,

-  Експозитури на Комерцијална банка АД Скопје, деловен соработник на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Целта на овој информативен настан е да се истакне и да се зголеми свесноста за пензискиот систем и важноста на финансиската писменост на јавностаи за таа цел на настанот ќе бидат поделени најнови информативно - едукативни материјали подготвени од страна на МАПАС и пензиските друштва.                                    

Слично

Поврзани вести