Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ден на регионална соработка во Сараево: Бурна расправа за бурна година

Ден на регионална соработка во Сараево: Бурна расправа за бурна година

Претставници на граѓанскиот сектор од областа на економијата од Југоисточна Европа и новинари од целиот регион, денес се сретнаа во Сараево да ја анализираат изминатата година и онаа пред нас во рамки на „Ден на регионална соработка“ во организација на Советот за регионална соработка (RCC). На конференцијата со наслов „Крај на тешката година – како ќе изгледа 2016 година“ се разговараше за различните предизвици кои се актуелни во регионот и кои ќе бидат присутни и во 2016 година почнувајќи од економската стагнација, мигрантската / бегалската криза како и потенцијалните терористички закани, но и други предизвици кои претставуваат пречка на влегувањето на Балканот во ЕУ.

„Ова беше една од најтешките години во последната деценија, но сите проблеми беа надминати со големата помош на Европската унија. Социо-економската ситуација во регионот е многу лоша, приливот на мигранти како и заканите од терористички напади дополнително ја усложнија политичката ситуација. Поради тоа сакавме со претставниците од граѓанскиот сектор и новинарите од целиот регион да разговараме и да ја анализираме оваа тешка година, но и да предвидиме што ни носи годината пред нас“  изјави на отворањето на конференцијата генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.

Тој воедно истакна дека во 2015 година имало и позитивни работи како на пример повикот Црна Гора да пристапи во НАТО што е резултат на реформите во секторот сигурност.

свет 1

- Добриот момент е тоа што Косово потпиша Договор за стабилизација и асоцијација, но и тоа што Србија отвори две нови поглавја и се очекува отворање на уште две нови поглавја во преговорите со ЕУ.

Свилановиќ смета дека се работи за недели кога БиХ ќе ја предаде апликацијата за членство во ЕУ, што е резултат на политичкиот договор кој започна пред година дена.

Кога станува збор за регионот, Свилановиќ истакна дека постојат три големи проблеми, а тоа се проблемите со Косово и Србија, прашањето за името на Македонија и функционалноста на БиХ, но сите три процеси се на некој начин дефинирани и постои разбирање за излез од кризата.

Берлиснкиот процес даде нов потстрек, но поставува прашања за тоа колку е одржлив и што земјите од Балканот можат да направат за да се забрза тој процес. Присутните претставници на регионалните “Think tank” организации од граѓанскиот сектор ги разменија своите искуства и ги испитаа разните начини и средства со цел создавање услови за секоја земја во регионот да земе учество во вистинскиот смер.

„Денешната конференција е изразито корисна и драго ми е што имав прилика да сретнам колеги од регионот кои покриваат различни сектори. Советот за регионална соработка успеа да направи еден зачеток на своевидна платформа на невладини организации во регионот кои размотруваат различни политики на различни ниво во државите во регионот“ изјави директорката на Надворешнополитичката иницијатива на БиХ Лејла Рамиќ - Месиховиќ.

Заеднички проблеми како што се владеењето на правото, борбата против корупцијата и другите монополи кои се присутни во земјите на регионот се примери за квалитетна соработка на граѓанските сектори.

„Сите овие години, заради едно политичко безумие кое се случуваше на Балканот, се обидувавме да се бавиме со конкретни теми и да се обидеме да обезбедиме народот кој живее на овие територии да има некакви конкретни придобивки од она што ние го работиме“ нагласи Вук Мараш од невладината организација MANS од Подгорица.

свет 2

Покрај собирот на претставници на граѓанското општество, во Сараево се состанаа и новинари од регионот, како разгледаа начини за известување за регионалните прашања како и да согледаат како да ги подобрат меѓусобните и регионалните соработки на медиумското поле. Присутните новинари исто така истакнаа различни видови на притисоци за време на мигрантско / бегалската криза која оваа година се случи на подрачјето на Балканот.

„Непочитување на етичките кодекси е проблем кој е пристуен во целиот регион, со тоа што на терен може да се направи многу и да се оствари простор за соработка на медиумите. Се надевам дека денес ќе успееме да дефинираме правци во остварување на соработка со колегите од земјите во регионот со цел потполно медиумско информирање кое би овозможило квалитетна соработка на медиумите во премостување на различните притисоци“ нагласи новинарката на неделникот „Време“ и членката на Советот за печат на Србија Тамара Скроза.

Советот за регионална соработка е центар на регионалната соработка во југоисточна Европа и неговата клучна улога е во генерирањето и ускладувањето на развојните проекти од широк, регионален карактер, кои ќе бидат користни за сите членки, како и да ствои поволна политичка клима за нивното спроведување.

Работата на собранието за регионална соработка се фокусира на приоритетните подрачја: економски и социјален развој, енергија и инфраструктура, правосудство и внатрешни работи, безбедносна соработка, изградба на човечки потенцијал и парламентарна соработка како покривна тема.

Слично

Поврзани вести