Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот: „Бидете иницијатор на промени“
Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот кој се одржа денеска во организација на локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да се информираат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата Youthspark и апликациите за Сајбер грантови.
Настанот го отворија генералниот менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово Стефан Плавјански како и Бардил Јашари директор на Фондацијата Метаморфозис.
„Соработката со Мајкрософт за овој настан е продолжување на напорите на Метаморфозис да ги зајакне капацитетите на НВО за користење на новите технологии во работата, со цел поефикасно да ја остварат нивната мисија. Со донациите на Микрософт ќе се заокружи процесот на поддршка кој започна со обуки и менторство од страна на Метаморфозис со кои беа опфатени 10 организации“, истакна Бардил Јашари, директор на фондацијата Метаморфозис.
Повеќе од 100 организации беа запознаени со програмите на Мајкрософт за донирање на софтвер, како и програмата YouthSpark за поддршка на младите во создавање и искористување на можности.
„Мајкрософт во фискалната 2013 година донираше софтвер со реална пазарна вредност од 795 милиони долари на повеќе од 70.000 непрофитни организации во светот, а Мајкрософт Македонија во фискалната 2013 донираше софтвер вреден повеќе од 320 илјади долари (над 600 лиценци). Секоја организација која сака да аплицира за донација на софтвер може да ме контактираат на мојата имејл адреса a-vademi@microsoft.com со цел да добие повеќе информации“, посочи Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово.
YoutSpark програмата како глобална иницијатива е активна од минатата година, а има за цел да создаде можности за 300 милиони млади во наредните три години. Оваа програма преку грантови за организации кои со својата мисија и активности го поддржуваат развојот на младите во првата година од своето постоење има создадено можности за повеќе од 103 милиони млади луѓе во повеќе од 100 држави низ светот.

Слично