Делови од Скопје утре без струја
Утре делови од неколку скопските општини ќе останат без струја. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, најавија дека во периодот од 09.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на селата Кучково и Грачани , во општина Ѓорче Петров, но исто така и корисниците од ул. „Виетнамска“ и ул. „Гарсија Лорка“ во општина Шуто Оризари.
Во периодот од 09 до 15 часот струја ќе нема за корисниците од село Никиштане во општина Ѓорче Петров.
Прекините во напојувањето со струја се поради инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во овие реони.
Слично
