Делови од Карпош, Центар и Ѓорче Петров утре без струја
Поради зафати во електричната мрежа утре без струја ќе останат неколку скопски населби. Според најавите од 14.30 до 15.30 часот струја ќе немаат дел од потрошувачите од ул. Сливовска во општина Ѓорче Петров, од 9 до 13 часот дел од потрошувачите од ул. Васил Ѓоргов околу бр. 4 и дел од ул. Миле Поп Јорданов во општина Центар и општина Карпош.
Исто така од 9 до 13.30 часот кај дел од потрошувачите од Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во општина Центар и општина Карпош ќе има прекин на електричната енергија, а до 15.30 часот струја ќе немаат и дел од потрошувачите од ул. Теодосиј Синаитски во општина Карпош.
Слично
