Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делови од Карпош, Аеродром и неколку скопски села утре без струја

Делови од Карпош, Аеродром и неколку скопски села утре без струја
Повеќе делови од Скопје и околината утре ќе останат без струја поради зафати за подобрување на мрежата, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според соопштението, во периодот од 9 до 10 часот прекин на струјата ќе има за корисниците од Момин Поток, Криви Дол, Булеварот 8 Септември и дел улицата Скупи во Карпош. Од 9 до 12 часот прекини во мрежата ќе има на Бул. Февруарски Поход во Аеродром, додека од 9 до 15 часот и на улица Стрезово, дел од село Копаница и дел од селото Сарај.    
Слично

Поврзани вести