Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делегација од Општина Грачаница ја посети Витаминка

Делегација од Општина Грачаница ја посети Витаминка

Официјална делегација од Општина Грачаница, Косово беше на еднодневна посета во Витаминка. Целта на посетата беше проширување на потенцијалите за соработка меѓу најголемиот македонски производител на кондиторски производи и Општина Грачаница.

 Delegacija od Opstina Gracanica ja poseti Vitaminka_2

Делегацијата имаше можност да ги посети производните погони на компанијата и да се запознае со целосната производна палета. Според раководството на Витаминка, средбата  е во насока на унапредување на соработката. Овој пазар важи за еден од најголемите извозни пазари за Витаминка, каде брендот Стоби Флипс е еден од најбараните странски брендови.

 Delegacija od Opstina Gracanica ja poseti Vitaminka_3

Косовската делегација беше предводена од заменик премиерот, Бранимир Стојановиќ, градоначалникот на Општина Грачаница, Владета Костиќ, како и неговиот заменик, Љубинко Караџиќ. Како дел од делегацијата беа и началникот на Косовскиот округ, Срѓан Петковиќ, правниот застапник на Општина Грачаница, Негован Шарановиќ, претставникот од приватниот сектор, Јовица Дешиќ и претставникот на компанијата во Косово „Витаминка Трејд“, Расим Мрлаку.

 Delegacija od Opstina gracanica ja poseti Vitaminka_4

Слично

Поврзани вести