Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делчево и Благоевград во сојуз, заедно ќе бараат европски пари од ИПА фондовите

Делчево и Благоевград во сојуз, заедно ќе бараат европски пари од ИПА фондовите

Работните групи од општините Делчево и Благоевград започнаа со работ на заеднички проекти за меѓугранична соработка со кои ќе аплицираат во ЕУ за користење финансиски средства од ИПА фондовите.

Инаку во програмата за соработка покрај претставници на општинските администрации, во изработката на плановите се  вклучени и детските градинки, основните и средните училишта опд двата града.

За време на работната средба поединечно биле разработени сите предложени идеи за соработка во економскиот развој преку искористување на културните и еколошките ресурси за одржлив развој и социјална кохезија во прекуграничниот регион.

Слично

Поврзани вести