Делчево дава стипендии за студенти – по еве илјади денари месечно
Дванаесет студенти од Делчево ќе добијат стипендии за тековната академска година. Ваква одлука донесе Советот на општината, при што доделената стипендија ќе изнесува 2.000 денари, а ќе се исплаќа девет месеци во годината.
Како што најавија од Советот, предност за добивање општинска стипендија ќе имаат студенти со најдобар успех, како и оние со ниски семејни приходи. За стипендиите нема да може да аплицираат само бруцошите, а услов за нејзино добивање е и студиите да бидат на некоја од државните факултети во земјава.
Слично
