Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Волково утре без вода и со скратена автобуска линија

Дел од Волково утре без вода и со скратена автобуска линија
Поради дефект на водоводната цевка на улицата „101“ во Волково, жители во овој дел на селото ќе останата без вода за пиење во текот на утрешниот ден. Според најавата од ЈП Водовод и канализација, вода ќе нема на потегот од пругата кон последната автобуска станица на автобусот број 22. Изто така и автобусите на ЈСП со број 22 поради работите кои се одвиваат на теренот, од 8.30 до 15.30 ќе возат само до центарот на селото. Прекини утре ќе има и на северот на Скопје. Поради замена на струен кабел, во пумпната станица Бутел,  без вода од 8 часот ќе останат  корисниците во дело од населбите Бутел , Радишани, како и од село Радишани и населбата Шуто Оризари.
Слично

Поврзани вести