Дел од Сопиште, Сарај и повеќе скопски села утре без струја
Според соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје повеќе скопски села утре ќе останат без струја во одредени делови од денот.
Од 8 до 16 часот часот струја ќе нема за жителите на Горно и Долно Соње, селата Ракотинци, Чифлик и Света Петка. Воо селата Долно и Горно Свиларе струја ќе нема во периодот од 9 до 15.30 часот, додека од 9 до 15 часот и во селата Копаница и улица бр. 20 во општина Сарај како и корисниците од улица бр. 5 во село Бразда.
Прекините се поради зафати во електро-дистрибутивната мрежа, а со цел подобрување со снабдувањето со струја во овие реони.
Слично
