Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Радишани и Ченто утре без струја

Дел од Радишани и Ченто утре без струја
Повеќе скопски села како и делови од Радишани и Ченто утре ќе останат без електрична енергија, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известувањето добиено од ЕВН Македонија, без струја утре ќе бидат селата Долна и Горна Матка во периодот од 9 до 15 часот. Од 9.30 до 15.30 часот прекин на струјата ќе има за корисниците од селото Копаница, додека од 8.30 до 13.30 во дел од населбата Радишани, поточно за корисниците кои живеат над локалната црква, но и во населбата Ченто за корисниците од улицата Дурмитроска. Во овој период струја ќе нема и во селата Љубанци, Љуботен, Раштак, Булачани и во дел од Црешево.
Слично

Поврзани вести