Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Карпош и повеќе скопски села без струја во понеделник

Дел од Карпош и повеќе скопски села без струја во понеделник
Според Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје викендов нема најавени прекини во снабдувањето со струја, но во понеделник без електрична енергија ќе остане дел од Карпош и неколку скопски села. Според најавите од 8.30 до 10.30 струја ќе нема за корисниците од улица Злате Михајловски, додека од 9 до 15 часот и корисниците од улицата Дамаска во Карпош, како и село Блаце. Од 9.30 до 15.30 прекин ќе има во мрежата на улица Брсјачка Буна, Гарсија Лорка и за корисниците од селата Копаница и Кондово.
Слично

Поврзани вести