Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Ѓорче, Шутка и две скопски села утре без струја

Дел од Ѓорче, Шутка и две скопски села утре без струја
Дел од селата Бојане и Студеничани, како и делови од Ѓорче Петров и Шуто Оризари утре ќе имаат прекини во снабдувањето со струја јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Поради технички зафати од страна на ЕВН Македонија без електрична енергија од 13.50 до 16 часот ќе биде селото Бојане, а од 8.30 до 16 часот и дел од Студеничани. Во периодот од 9 до 12 часот прекини во дистрибуцијата на струја ќе има кај паркингот за Секторот за Урбанизам на Ѓорче Петров. Во текот на утрешниот ден исто така струја ќе нема и во населбата Шуто Оризари кај поранешно Пекабеско.    
Слично

Поврзани вести